ТАТКО И СИН ОД СТРУМИЧКО УБИЕНИ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Двајца Македонци од Мокриево, според неофицијални податоци се убиени на 24.03.2020 од страна на швајцарски селанец во кантонот Вауд.

Според информациите на струмичката телевизија Канал Вис денес швајцарската полиција со помош на кучиња трагачи ги има откриено труповите на лицата Н.К и Д.К, потрупани со арско ѓубре од сторителот. Тие биле пријавени за исчезнати откако некое време не можело да се воспостави никаков контакт со нив.


Имено Н.К и Д.К откупувале стари земјоделски алати / трактори, и со убиецот биле пазарени за тракторот од 25.000 илјади швајцарски франци. Едниот дел од парите како капар му биле дадени.

Но, по неколку дена сторителот на двократното убиство им се јавил и им рекол дека се предомислува за продажба на тракторот. Таткото и синот уште истиот ден отишле да си го земат капарот, но швајцарскиот селанец наместо да им ги врати парите ги убил.

Според тамошните медиуми 30 годишниот Швајцарец го признал делото, но следува истрага што ќе ги открие деталите.