ПЕТ ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ КОИ СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД СВОИТЕ ДРЖАВЈАНСТВА ЗАРАДИ ВИСОКИТЕ ДАНОЦИ ВО НИВНИТЕ МАТИЧНИ ЗЕМЈИ

Тина Тарнер (поранешен државјанин на САД) веќе 5 години чека швајцарско државјанство. Живее во Цирих.

Жерар Депардие, (Франција) стана руски државјанин во 2013, со помошта на самиот Владимир Путин. Во моментот актерот има поднесено молба за добивање на алжирско државјанство.

Борис Џонсон (САД), британскиот политичар во 2014 се откажа од своето американско државјанство и во моментот е државјанин само на Обединетото кралство.

Тери Гилијам (САД), познат е како единствениот американец во „Монти Пајтон“. Во 2006 се откажа од својот американски пасош и зеде британско државјанство.

Елизабет Тејлор (САД), гламурозната актерка се откажува од своето американско државјанство во 1965 г. и останува само британски државјанин. Сепак одредени извори тврдат дека таа сепак не се откажала од американскиот пасош и имала статус на двоен државјанин.

 

 



Слични Објави