ПЕТАР КОЛЕВ ЈА ПОСОВЕТУВА ДИРЕКТОРКАТА НА ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ АКО СЀ УШТЕ НЕ ПОДНЕСЛА ОСТАВКА ДА СЕ ЗАЧЛЕНИ ВО ВМРО-ДПМНЕ
„ Слушнав во Охрид имало директорка на ЈП „Билјанини Извори“, на која идол и била Гордана Јанкулоска. Сакала за време на избори да „влече за уши“ вработени во претпријатието. Гордана Јованоска, уште ли сте директор?! Ако сте уште директор, зачленете се во ДПМНЕ и побарајте го менторот во Будимпешта, тие имаат таква ментална матрица“, напиша на својот facebook профил, претседателот на ГДУ, Петар Колев.
Потсетуваме дека нашиот портал објави прв принт скринови од рaзговор на директорката со поранешен вработен во истото претпријатие во кое се гледа како таа му кажува дека неговата сопруга сѐ уштe не е излезена на гласање за време на локалните избори.
Написите можете да ги видите овде.

