|

Петличковски: Добив меил со листа каде претседателот беше друг, министерот рече дека е техничка грешка

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски кажа дека добил меил со листа на имиња на којашто претседателот бил друг.

„После тоа дојде и корекција, разговаравме со министерот, прилично уверливо ми објасни дека се работи за техничка грешка и продолжуваме понатану во ист состав“, кажа Петличковски.

„Не можам да се сетам од која адреса беше, но беше од министерството за здравство“, додаде тој.

Министерството за здравство преку писмено соопштение информираше дека д-р Александар Петличковски не е сменет од позицијата – претседател на Комисијата за заразни болести.

Слични Објави