| |

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: ПРАВОСЛАВНИТЕ ГО СЛАВАТ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Пресвета Богородица е една од најчестите слави во Македонија и еден од најголемите празници во православниот календар.

Во црковниот календар има најмалку пет дена од годината што ѝ се посветени токму нејзе. Тоа се нејзиното успение, нејзиното рождество, воведението во храмот, покровот на пресвета Богородица, денот кога се слави нејзиното заштитништво, благовештение – денот за веста за нејзиното зачнување и собор на Пресвета Богородица.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и им помага на жените при породувањето. Исто така, и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на пресвета Богородица ќе добијат рожба и поради тоа ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Се празнуваат раѓањето и упокојувањето на Богородица
Кај народот постои верување во Голема и во Мала Богородица, но според теолозите таа е една и иста и не постојат две богородици, туку деновите на празнување се посветени на посебни настани. На 28 август се празнува Успението на пресвета Богородица, додека празникот што се прославува на 21 септември се однесува на раѓањето на пресвета Богородица.

Слични Објави