| |

ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ГЛАСАЊЕ ЗА ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ, БОЛНИТЕ, ИЗНЕМОШТЕНИТЕ И ЛИЦАТА СО КОВИД-19

Почнува пријавувањето до Општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Оние што сакаат да гласаат тоа треба да го сторат најдоцна до 8 јули на полноќ.

Болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација треба да се пријават за гласање до Оштинската изборна комисија, преку полномошник, најмалку седум дена пред гласањето. Дотогаш за гласање треба да се пријават и другите болни и немоќни лица, а за овие избори и лица со хронични болести. Тие до ОИК треба да достават соодветна медицинска документација со која треба да го поткрепат барањето.

На оние што во периодот од 8 до 15 јули ќе им биде потврден позитивен тест за Ковид-19 или лица кои ќе мора да бидат во самоизолација нема да можат да се пријават за гласање и да гласаат на изборите.

Рокот за пријавување за гласање на на лицата во домашен притвор е 11 јули на полноќ.

Поради состојбата со Ковид-19 за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

Слични Објави