ПОГОДЕТЕ КОЈ СУМ ЈАС

//

Ајде другари да играме една игра. Играта се вика „Кој сум јас“.

Јас ќе ви набројувам некои мои особини или работи кои што сум ги направил, а вие треба да погодите кој всушност сум јас. Ајде да почнеме.

Јас сум дипломец на Солунската бугарска машка гимназија, а подоцна питомец на Военото училиште во Софија. Ме исклучија од таму малку пред да го завршам, ама ништо, обуката ја поминав. По исклучувањето од училиштето во Софија, станав егзархиски учител во поробена Македонија. Во Штип предавав бугарски јазик, па ако ги следите македонските историчари, како припадник на Егзархијата, јас сум ширел бугарска пропаганда во Македонија. Инаку според мое своерачно признание припадник сум на бугарското племе.

Го напишав уставот на револуционерната организација каде што може да членуваат освен Бугари и сите други незадоволни елементи од владеењето на падишахот. Водев боба заедно со Тракијските Бугари за наше ослободување од османскиот гнет. Бев задграничен претставител на Организацијата во Софија и како таков учествував на состаноците на Врховниот македоно-одрински комитет. Значи сум бил и „врховист“.

Двајца од моите браќа загинаа млади, а мојот најмал брат Христо, бил припадник на македонското ополчение во Бугарската армија во две војни- Втората балканска и Првата светска. Мајка ми Султана починала 4 години по мојата смрт, а татко ми Никола, заедно со останатите членови на мојата фамилија емигрираа во Бугарија. Татко ми доби пензија од бугарскиот двор, а исто така и од ВМРО по препорака на Тодор Александров.



Ако не сфативте после првата реченица и датумот кога ја играм играва – јас сум Ѓорѓи Николов Делчев или попознат како Гоце Делчев.

Со задоцнување од неколку дена, нека му е честит роденденот на еден од најголемите синови на нашата Македонија!

Автор: Маузер



Претходна статија

БАЈ БАЈ НА ЗЛОТО

Следна статија

ПОЛИТИЧАРОТ КОЈ ИМА САМО НАЈГОЛЕМИ БАНКНОТИ ВО ЏЕБОТ

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното