ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА УАПСЕН ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕ ДЕТЕ

//

Полицијата на Република Српска го привела поранешниот министер за образование, Ненад Сузиќ кој е осомничен за сексуално злоставување на единаесетгодишно девојче од Бања Лука. Тој се сомничи дека сексуално го злоставувал девојчето подолг период со тоа што ја допирал по разни делови на телото и и’ велел дека не смее никому да каже.

Случајот го пријавило основното училиште во кое оди девојчето, по што шеесет и деветгодишниот, Сузиќ веднаш е приведен.

Бањалучката полиција соопшти дека е уапсен Н.С. од Бања Лука, по сомневање за извршени кривични дела од областа на сексуално злоставување и искористување дете и оти е спроведен во Окружното јавно обвинителство на Бања Лука.

Како што се наведува, Сузиќ работи како редовен професор на Филозофскиот факултет во Бања Лука, на предметите општа педагогија и методика на воспитно-образовната работа.



Член е на Српската академија за образование и Руската академија за социјални и педагошки науки.

Претходна статија

МИГРАНТ УБИЕН ВО БЕЛГРАД

Следна статија

ЦРНА ГОРА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ПО УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА ОБВИНЕТИ ЗА ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР ВО ЗЕМЈАТА

Најново од Вести