|

Пораст на бројот на случаи на коронавирус во Грција

Здравствените власти во Грција предупредуваат на нагло зголемување на бројот на заразени од коронавирус.

Претседателката на лекарскиот синдикат во Атика, Матина Пагони, за медиумите изјави дека бројот на заразени од коронавирус е зголемен 14 проценти. Лекарите препорачуваат носење маски каде што се собираат многу луѓе, како, на пример, во јавниот превоз, и да се држи безбедно растојание.

Неочекувано рано, според лекарите, ширењето на вирусот се зголемило.

Министерството за здравство не предвидува воведување задолжителни маски поради замор кај Грците за почитување на ограничувањата. Сепак, барем во училиштата, родителите се охрабруваат да бараат од децата да носат маски.

Во фокусот на секојдневната контрола е подрачјето на Тесалија по поплавите. Поради проблеми со водата за пиење, нагло се зголемува бројот на пациенти со гастроинтестинални проблеми. За еден ден биле утврдени и 49 случаи на заразени од коронавирус.

Надлежните повикуваат при патување во Тесалија да се почитуваат превентивните мерки.

„Многу екстремна комбинација на коронавирус и сезонски грип е во ек во земјата“, велат лекарите, кои препорачуваат и вакцинација.



Слични Објави