ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПОВТОРИ ПРЕПОРАКИТЕ НА ГДУ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Наместо кратење плати на работниците и на администрацијата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага да нема плати за министрите, односно тие да работат про боно.

Партискиот портпарол Наум Стоилковски порача дека платите на министрите треба да бидат донирани во борбата против коронавирусот.

„Оливер Спасовски да се откаже од нето-платата од над 88.000 денари; Радмила Шекеринска да се откаже од нето-платата од над 80.000 денари; Мила Царовска да се откаже од нето плата над 73.000 денари; Рената Тренеска Дескоска од платата од над 73.000 денари; Никола Димитров од платата од над 72.000 денари; Дамјан Манчевски од над 70.000 денари плата и така натаму. Предлагаме сите 26 министри да се откажат од примањата кои се движат од 70.000 до 90.000 денари нето и да работат про боно. Ако СДСМ навистина сака да помогне тогаш целосно да се откажат од нивните приходи по основ на плата и хонорари, додека трае кризата со епидемијата на коронавирусот“, рече Стоилковски.

Потсетуваме дека ГДУ на 20 март 2020 Г. предложи сет мерки за справување со кризата во кои јасно стои дека партијата се залага за:

– Да се престане со исплаќање на плати на пратениците кои така или инаку не работат, а средствата Владата да ги насочи кон здравствениот систем;

-Парите кои државата им ги исплаќа на партиите од државниот буџет да се пренасочат кон здравствениот систем, а оние партии кои веќе ги добиле средствата предвидени од државниот буџет во знак на солидарност да ги подарат или вратат во здравствениот систем;

-Средствата предвидени во буџетот за рекламирање на политичките субјекти за изборите, Владата да ги пренасочи кон поддршка на стопанството;

-Апелираме до министрите, советниците во општините и градоначалниците, своите плати за месец март да ги донираат за борба против корона вирусот;