|

Потпишан Договорот за грант за прочистителна станица во Скопје тежок 70 милиони евра

Денеска во Скопје беше потпишан Договор за грант од ЕУ со ЕИБ за прочистителна станица за отпадни води во Скопје.

„Верувам дека по завршување на сите неопходни постапки на следниот настан ќе се озваничи сето она што „Водовод и канализација“ го работеше изминатите пет години и дека ќе имаме можност да го овековечиме овој проект кој е најголемиот еко капитален проект во РМ но и во регионот, истакна градоначалничката на Скопје“, Данела Арсовска.

„Треба да се имаат предвид додадените вредности кои тој самиот по себе ги носи а тоа е тоа што ќе имаме прочистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води во градот а од друга страна тука е и справување со проблемот односно дека 60 проценти од водите завршуваат не кај корисниците, односно се одлеваат од нашата мрежа“, дополни Арсовска.

На прашањето дали имало проблеми во постапката, Арсовска порача воопшто да не се шпекулира со информациите.

„Не се работи за тоа кога и како ќе се заврши постапката се работи за тоа сите формално-правни аспекти да бидат задоволени. Нема проблем затоа што не дозволивме да има проблем. Шест месеци подоцна не дозволивме да има проблем“, нагласи Арсовска.

„Ве повикувам да отидете во партискиот штаб на оние што инсинуираат некакви турски фирми, да отидете да ги прашате каде се турските фирми и каде се турските инвеститори“, потенцира градоначалничката на Скопје.

Инаку според најавите на надлежните третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување, ќе овозможи пречистителната станица во Скопје што ќе се гради со грант од ЕУ, вреден 70 милиони евра.

Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје.

Проектот, според најавите, ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовоод и канализација“.

Слични Објави