ПОВЕЌЕ ДИПЛОМИРАНИ ВО 2017 ВО СПОРЕДБА СО 2016- ПОВЕЌЕ СТРУЧЕН КАДАР ЗА БЕЛИОТ СВЕТ

Државниот завод за статистика соопшти дека во 2017 година во Македонија дипломирале вкупно 8.545 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, што во споредба со 2016 година е зголемување за 3.6 отсто. Тоа автоматски значи дека стручните кадри кои ќе успеат да се „евакуираат“ од Македонија ќе придонесат повеќе за развиените економии на белиот свет, додека овде големите партии си играат на на ти го дај ми го, за СЈО, за реформите во судството и нормално за името.