|

Пожарот во Грција стигна до хотел полн со туристи: Огнот беше веднаш зад нас

Семејство од Данска кое престојувале на одмор во Грција изјавија за Sky News дека морале да пешачат 11 километри на високи температури за да избегаат од пожарот што го зафатил хотелот во кој престојувале. Жена рекла дека нејзиниот сопруг, ќерката и таа биле на одмор во Киотари кога им било кажано дека шумски пожар се приближува до нивниот хотел и дека мора да си заминат.

Тие пешачеле околу 11 километри на многу високи температури, но пламените јазици биле се поблиску. На крајот, нивната единствена опција била да се качат на брод што ги чекал на брегот и да заминат на север од островот.

“Мислев дека ќе умрам, дека никогаш повеќе нема да ги видам моето најстаро дете и внук. Огнот беше веднаш зад нас. Не евакуираа од хотелот. Пешачевме 11 километри, а потоа не вратија на плажата каде што не знаевме што понатаму”, рекла жената.

„Потоа дојде војската и нè собра и не пренесе на југ. Подоцна дојде полициски чамец. Огнот постојано не следеше. Хотелот изгоре. Сега седиме овде на аеродромот во облеката што ја имаме со нас“, додала таа.

Слични Објави