|

Украински пилоти од следниот месец ќе се обучуваат за американските ловци Ф-16

Украински пилоти во август ќе започнат со обука за управување американски борбени авиони Ф-16, а таа ќе трае најмалку шест месеци, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за Си-Ен-Ен.

Покрај тоа, Украина мора да ја создаде потребната инфраструктура за овие ловци, посочи украинскиот министер. Според Резников, постои можност украинските пилоти да летаат со Ф-16 пролетта следната година.

Во интервјуто Резников нагласи дека доколку Украина сега имала такви авиони-ловци, тие сигурно ќе довеле до поголем напредок во контраофанзивата на украинските сили.

 



Слични Објави