Познатата бугарска новинарка Милена Милотинова доби награда од БАН за зачувувањето на правилниот и богат бугарски говор во новинарството
Познатата бугарска новинарка Милена Милотинова, водителка на емисијата „БРИСЕЛ 1“ на бугарската телевизија Bulgaria On Air e првата добитничка на наградата на Бугарската академија на науките „За правилниот и богат бугарски говор во новинарството“. Наградата ја воведена оваа година од Управниот одбор на БАН, како продолжение на апелот на Академијата до институциите и медиумите да ги заштитат богатството и убавината на бугарскиот јазик. Наградите на БАН за новинари за 2022 година беа доделени по повод 154 години од формирањето на академијата.
„Ова признание е многу вредно за мене, бидејќи го добивам од една од најстарите институции во Бугарија, основана во Браила уште пред ослободувањето – пред да бидат поставени темелите на Третата бугарска држава. Оваа награда ме обврзува да продолжам да го давам најдоброто од себе, за зачувувањето на високото ниво на бугарскиот јавен говор. Треба да го чуваме бугарскиот јазик. Денес тој се соочува со предизвици – од една страна поради демографски причини, од друга страна – поради невнимателноста со која понекогаш се користи. затоа се приклучувам кон повикот на БАН за зачувување на богатството на бугарскиот јазик.Јазикот мора да го заштитиме, бидејќи тој е основа на нашиот национален идентитет, темел на нашата историја и основа на знаењето за нас самите“, изјави Милена. Милотинова при доделувањето на наградата.
Тимот на порталот „Трибуна“, ѝ честита на нашата драга колешка и пријателка Милена Милотинова за добиената награда.