| |

ПРАВНАТА ДРЖАВА ВО КОЈА РЕКЕТОТ И ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ СЕ СЕКОЈДНЕВИЕ

Правната држава која се најавуваше и главниот играч (СЈО) се пред својата кулминација. За жал, тоа и официјално е веќе реалност, но не дека претходно било подобро, сепак за разлика од тогаш сегашната констатација доби легитимитет на ниво.

Со големо разочарување беше дочекано последното предавство, чинам и ова беше последниот и главниот маневар кој го згасна и последното жарче за колку толку правната држава. За жал, СЈО беше лика и прилика за да се овозможи долго најавуваната правна држава. Едноставно неверојатно како се падна во вода, целата заложба на граѓаните со протести, кампувања, револуции и ред други манифестации, сѐ со една цел да функционираат институциите и најспецијалното да спроведе правда и да ги казни огрешените. Но наместо казна за огрешените добивме нови огрешени, всушност полоша приказна од оваа не можеше ни Грујо да им посака.

За жал, за нештата да станат попикантни се споменуваат и двајца пратеници на СДСМ, како и финансова полиција и уште неколку функционери, накратко крупни фаци од власта и најважните институции. И за да стане порадикално целата приказна, една од жртвите проговори пред 6-7 месеци, а воедно и ги обвини погоре наведените за вмешаност во неуспешниот рекет врз него. Но мене ме чуди нешто друго… Дали премиерот знае од вчера или откако си го смени секретарот и министрите? Дали сегашните замешани луѓе од партијата се сменети баш поради рекетот или заради измислената метла? И дали премиерот е изненаден и изманипулиран или пак едносттавно искалкулира за да ја намали штетата врз партијата?

Секој нормален човек знае дека премиерот секогаш има информации од прва рака. Кога за вакви функционери или поточно тајкуни и едни од најмоќните личности во Македонија ќе разбере и најобичниот човек, како што разбра и Геро, не е можно да не разбрал премиерот. Да не заборавам, отпадникот или предавникот, како што го нарекуваат комуњарите, Геро, ги вџаши малку повеќе од што очекуваа. Секоја чест за неговата храброст, чинам и им го даде потребниот удар за да се обелодени целата вистина, а што ќе се случи потоа останува да видиме.

И за крај ако се докажат ликовите на Кики и Фрики како што се претпоставува, тоа ќе го врати СДСМ едно 20 години во опозиција. А реално и малку ќе им бидат. Тука можам само едно да им напишам на партиските профитерчиња: пола влада се огреши, секретар на влада мести тендери, секретар на партија помага рекет, а можеби и е главен во нарачките, градоначалници- тепачи и легализација на диви објекти, непотизам, портпаролчиња со големи ушиња и мали мозочиња, пратеници на масло, двојазичности, северњаци, тотална распродажба на историја ваква или онаква и што ми ти уште не. Епа другарчиња кој да ја понесе одговорноста? Грујо? Бранко? Не другарчиња Зоран Заев колку и да е „чесен“, „изненаден“, праведен, ова е негова чета и тој ни ја донесе и многу нормално е и тој да си ја однесе заедно со него.

П.С. Каква случајност, Ката дава отставка, Зоки на прес, а пак МВР апси. Многу ќе да е сѐ во ист момент. Ката конечно ја пронајдоја кај Кедев во шок соба и тоа е сигурно случајно?! Фатиме на одмор е сигурно?! Калкулацијата и пресметките ќе спасат некого за момент, но избори се ближат, а таму веќе ќе нема спас.

Автор: Даниел Јорданоски претседател на ГДУ-Охрид

Слични Објави