Премиера на документарниот филм „Бугари во Северна Америка – XXI век“ во Софија
Премиерната проекција на документарниот филм „Бугари во Северна Америка – XXI век“ ќе се одржи денеска, 3 септември, од 17:30 часот во киното „Влајкова“ во Софија, јавува БТА.
Филмот го прикажува животот на бугарските заедници во Северна Америка, со посебен фокус на децата и младите кои растат меѓу две култури и две идентитетски средини.
Според косценаристката Ирина Кушлева, врската со Бугарија кај младите генерации „треба да се гради и одржува преку јазик, образование, култура, заедница и лична меморија“.
Проектот е реализиран со поддршка на бугарското Министерство за образование и наука во рамки на Националната програма „Нераскажаните приказни на Бугарите“. Режисер и сценарист е Николај Томов – Тома.
