| |

Претседателката на албанскиот парламент Елиса Сиропали: „Српски свет“ е опасен за регионот

Во однос на иницијативата „Српски свет“ на претседателот Александар Вучиќ, сакам да изјавам дека секој чекор којшто гледа наназад, се повикува на реторика од минатото, би можел да нè загрижи и звучи загрижувачки и за Косово, и за Албанија. Ова го изјави претседателката на парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, одговарајќи на прашање на БГНЕС, дали иницијативата „Српски свет“ претставува безбедносен проблем за Албанија и Балканот.

„Во наш интерес е да се постигне напредок во билатералните преговори за меѓусебно признавање меѓу Србија и Косово, како и напредок и отворање на патот на Косово понатаму, за зачувување на мирот на Балканот и обезбедување стабилност во регионот и пошироко“, истакна уште г-ѓа Спиропали.

Таа изјави дека Тирана сака да ѝ помогне на Приштина да стане членка на НАТО и побрзо да се приклучи кон Алијансата, како и кон други меѓународни организации.

Претседателката на албанскиот парламент акцентираше и на трилатералниот сојуз кој неодамна беше склучен од Албанија, Хрватска и Косово.

На прашањето на БГНЕС за значењето на тој сојуз за безбедноста во регионот, Елиса Спиропали посочи дека во својот статут НАТО како организација предвидува во своите рамки да постојат регионални иницијативи во таков формат, каков што беше избран во конкретниот случај. „Тоа не е против некого, туку за нешто“, додаде таа.

Елиса Спиропали изјави дека оваа трилатерална иницијатива која е преземена не е точно трилатерална. „Ние ја покануваме и Бугарија да се приклучи, како и секоја друга држава која ги споделува истите вредности и гледа во иста насока“, рече таа во одговорот на прашањето на БГНЕС.



Слични Објави