Привршува откупот на тутунот во Прилеп

//

Тутунскиот комбинат – Прилеп откупи 90 отсто од договорените 2.700 тони тутун. Според раководството на компанијата, просечната цена е 214,8 денари за килограм. Нема никакви проблеми или застој во откупот, ниту забелешки од страна на тутунарите за проценката на квалитетот.

– Над 90 насто од договорените количини тутун со кооперантите се веќе откупени. Очекуваме до крајот на овој и почетокот на идниот месец да бидат преземени договорените количества во целост, изјави раководителот на „Погон Тутун“.

На вагите денеска се проценуваше родот на производителите Жарко Тодороски и Киро Карабелески.



– Донесов за проценка околу 1,2 тона тутун. Количествата се помали од лани, но родот е многу поквалитетен. Задоволен сум од проценката. Претежно е прва и втора класа. Со тутунопроизводство се занимавам речиси цел живот. Тутунопроизводството сега е исплатливо. Споредба може да направам зашто се занимавам и со сточарство. Има и субвенции, па сега е исплатливо и доходовно, вели Тодороски. (Прочитајте го целиот напис овде)

Претходна статија

И пратеникот Крсто Мукоски останува во притвор

Следна статија

Slavorum: Орце Камчев е најбогатиот Македонец

Најново од Вести