ПРОМОЦИЈА НА ЕДИЦИЈАТА „НАЈДОБРАТА КИНЕСКА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА“

/

Во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип утре, 8 октомври, со почеток во 12:30 часот ќе биде промовирана едицијата во десет книги „Најдобрата кинеска литература за деца“, која на македонски јазик ја објави „Македоника литера“. Едицијата ќе ја претстави проф. д-р Јованка Денкова.

Антологиската едиција „Најдобрата кинеска литература за деца“ „Македоника литера“ ја реализираше како копродукциски проект со издавачката куќа „Делфин букс“ од Пекинг, НР Кина. Во едицијата се застапени најпознатите и најчитани современи кинески писатели за деца и за млади. Во овие книги се вклучени најдобрите дела на авторите, избрани од самите автори. Изборите содржат бајки, басни, раскази или новели. Како прилог, во книгите се објавени и текстови на авторите кои го образложуваат својот избор и се осврнуваат на своето творештво.

Едицијата ги содржи следните избори: „Тајната на слатките јагоди“ од Танг Сулан, „Мирисливата птица“ од Ѓин Бо, „Легенда за мечето Панда“ од Сун Јоуѓун, „Магичниот папагал“ од Ге Бинг, „Персискиот мачор Пек“ од Гао Хонгбо, „Малиот ној рицар“ од Лиу Сианпинг, „Божјиот фенер на морето“ од Донг Хонгјоу, „Приказни големи колку дланка“ од Џанг Ќуишенг, „Братучед ми доаѓа“ од Ќин Венѓун и „Вкусот на сонцето“ од Џанг Џилу.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ТРОЈЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ НА ПАТОТ КУМАНОВО – КРИВА ПАЛАНКА

Следна статија

ВИДЕО: ПРОДОЛЖЕТЕ ПРОДОЛЖЕТЕ НЕМА ДА ГЛЕДАМ…

Најново од Истакнато

Нова албанофобија

Пишува: Никица Корубин За време на одморот од “одбраната на идентитетот” од Бугарите, формата се одржува