|

Пронајдена дрога при претрес во Кичево, приведено едно лице

Вчера во 16.55 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.Ш.(28) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле бела прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични Објави