ПРВО ВОЗАТ НИЗ СКОПЈЕ, А ПОТОА ЌЕ ВИДАТ ДАЛИ ЌЕ ПОЛАГААТ ВОЗАЧКИ

//

Возење без положен возачки испит се чини станува скопско секојдневие. Нема полициска контрола, а да не бидат откриени десетина возачи кои со автомобил се движеле по најпрометните скопски сообраќајници без да имаат положено возачки испит. Тоа го покажа и вчерашната контрола кога полицијата откри 12 возачи кои немале положен возачки испит. Тие веднаш биле исклучени од сообраќајот.
Дефинитивно мора да има поревносни контроли за да се сосече оваа појава.

Инаку, санкции биле изречени и на двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи за неносење заштитен шлем, 16 возачи за неносење сигурносен појас, како и 12 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Поради ваквата сообраќајна некултура, во изминатово деноноќие на подрачјето на градот се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди во кои едно лице било тешко, а шест други полесно повредени. Казнети се и 58 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Затекнати биле 87 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети биле 66 возила.

Извор: Скопско ехо





Претходна статија

КРИСТАЛИНА ГЕОРГИЕВА НОВ ДИРЕКТОР НА ММФ

Следна статија

ЈАНЕВА ЌЕ ВРШИ УВИД НА ДОКАЗИТЕ ЗА „РЕКЕТ“

Најново од Вести