| |

ПУТУЈ ЕВРОПО!

Апропо текстот што го објавив за полициската арогантност во ПС Ѓ.Петров, кратко да ви раскажам за еден спротивен пример што ми се случи во Барселона, Европа, во која ние сакаме да не примат. 1990 година, 2 години пред Олимпијадата, од Скопје, преку МРТВ, закажавме снимање со претсетдателот на Организациониот олимпискиот комитет, во тој момент „главен човек во светот“ (така е зборот,де).

Јас и снимателот Владо Тричковски, тргнавме од хотелот со таксти, наидовме на огромна гужва во сообраќајот, едноставно не мрдаше колоната и задоцнивме. На пријавницата во Комитетот не пречека една жена на околу 35 години (која покрај сите јазици, зборуваше и српски), се пријавивме и кажавме кои сме. Таа вели: „претседателот ве чекаше 10 минути, но не можеше повеќе, зашто има големи обврски со организацијата на олимпијадата“! Чаре? Таа вели: донт вори, има чаре! Ние се олабаивме, ама и се запрепастивме, зашто од дома сме навикнати ДА НЕМА ЧАРЕ. Се јави на телефон некаде и по 3 минути се створи една прекрасна девојка, со комотна лимузина и ни вели бујрум, ја ќе би бидам и водич и возач. Така ги снимивме речиси сите спортски објекти, меѓу кои и стадионот Ноу Камп, кои во тој момент беа во подготовка за олимпијадата и дома се вративме срекни и задоволни што на нашите гледачи и на нашата куќа и донесовме автентични снимки, не преземни од Јутјуб.

Верувам дека ја сфаќате поентата: како може некада се да се може, а кај нас ништо да не се може. Ако знае некој, нека одговори!

Автор: Бране Стефановски

Слични Објави