ВРЕДНИОТ МЕБЕЛ ШТО 5 ГОДИНИ ГНИЕ ВО МАТИЧНОТО ВО СКОПЈЕ ЌЕ ОДИ ВО ПРОСТОРИЈА ВО СОБОРНИОТ ХРАМ КОЈА ЌЕ БИДЕ АДАПТИРАНА ВО САЛА ЗА ВЕНЧАВКИ

Вредниот мебел изработен пред 70 години од врвниот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски кој е оставен да скапува во поранешното Матично во дворот на Општина Центар, ќе биде пренесен во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. По денешниот текст на САКАМДАКАЖАМ.МК, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов разговарал со градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и архепискипот на МПЦ-ОА Г. Г. Стефан и било договорено во просторија во рамките на Соборниот храм да се направи сала за венчавки и таму да се пренесе мебелот.

loading...

„Се усогласивме да напуштениот резбан мебел во поранешното Матично, откако ќе биде репариран, биде даде на МПЦ-ОА, која ќе го постави во просторија во рамките на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, која што ќе послужи како просторија во која ќе може да се склучи граѓански брак. Благодарност до МОЦ-ОА, благодарност до градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и до семејството на познатиот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски, што ова богатство повторно ќе го ставиме во функција“, вели градоначалникот Шилегов.

Целиот напис прочитајте го овде.



loading...

Извор: СДК