Радев и Донфрид разговараа за РСМ, го осудија палењето на КЦ „Иван Михајлов“ во Битола

//

Претседателот Румен Радев денеска имаше телефонски разговор со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид. Во фокусот на разговорот беа европската перспектива на Република Северна Македонија, партнерството меѓу Бугарија и САД во областа на одбраната, како и последиците од војната во Украина за безбедноста во Источна Европа, јавува БГНЕС.

Карен Донфрид ја посети Бугарија во мај годинава.

И Румен Радев и Карен Донфрид го осудија и го прогласија за недозволиво палењето на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Според шефот на државата на Р. Бугарија, палењето на Културниот центар на македонските Бугари во Битола го извршиле луѓе кои се стремат да ја задржат Република Северна Македонија во сенката на тоталитарното минато на Југославија и да го попречат процесот на европската интеграција.

Румен Радев го изрази очекувањето на Бугарија за навремени постапувања од страна на институциите на РСМ, кои нема да допуштат овој чин на агресија врз македонските Бугари да остане неоткриен и неказнет.



Претходна статија

Непрочитани страници, нејасни позиции!(2)

Следна статија

Макрон: Подготвен сум да ги пречекам лидерите на Бугарија и РСМ во Париз

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да