| |

РАЗГОВОР СО И ЗА ЅИДОВИТЕ – ЗА МАКЕДОНСКО-БЛГАРСКИА В’ПРОС

Во моите разговори со политичарите во Македонија, посебно со оние по крупните , секогаш една мисла ни се провлекуваше во главите:
-Проблемот со Грција е решлив, а нај големите проблеми ќе излезат во разговорите со Бугарија.
Со Бугарија ,не смееме да преговараме .Таму нема што да се преговара туку се разговара. Тоа е разликата помеѓу моето мислење,тимот на владата но и тимот на Бугарската влада.
Не ,не ,нека Вмро-Дпмне не ни објаснува што мислел Претседателот Глигоров по темата.


Сум разговарал со него часови и часови по овие теми.Нивниот претседател Иванов беше далеку од овој Претседател со голема буква.Еден ден дури и ќе им опишам што мислеше Киро Глигоров за персоната која подоцна ја направија претседател. Ете им ги резултатите ,соодветно на тоа и Глигоров мислеше за него.Тоа што го дружеше Иванов ,беше инаетот и благиот анимозитет кон Фрчко. И ништо друго.


Тимот со кој разговараме со Бугарија и Грција не е баш нај блескав.Составен е во долж и попреку ,набрзина. Но тимот кој преговара со Грција па и не треба нешто големи капацитети и науки да поседува. 
Да,проблем имаме со тимот со кој разговараме со Бугарија.И тоа не е страшно.Морам во прво лице да се искажам да би било појасно

– Јас никогаш ни на сон не би бил во тој и со место во тој тим.Ни на сон ,ни за пари ни за без пари.Колку да бидеме јасно со ова,заради тоа што се разбираме преку персоналното, мурто/курто.
За полесно да разбере читачката публика би објаснил вака-
Најмалку стотина пати сум напишал дека од призма и стојалиште на Федералната историја која ја практикуваме и начинот на кој ја толкуваме,успех не е загарантиран во разговорите со Бугарија.
Значи дека ние требаше да направиме ревизија на историјата и да ја прилагодиме на историја на една независна земја ,прочистена од федералната историја на Белград практикувана од 1918 година .Не од 1944 ве молам.Не правете такви идеолошки грешки каде за идеологија,нема ни место.
Историјата ,оваа федералната ( сто пати повторувам) е направена да ги спречи можните сукцесии на Вардарската Бановина ,а подоцна Народна Република Македонија како дел од Федерацијата Југославија.Тоа значи – Предизвикување кавги со соседите,нивно анатемисање и несносни релации за да на крај целта биде постигната што е многу разбирливо и е нормално.
И континуирано за внатре уплав од Албанците,да не заборавам.
Да ,немавме време ,а тука ревизијата ни е направија Иванов и Груевски со кретенската аниквизација,како продолжение на Федералната Историја на СФРЈ.

Резултатите од таа осмислена историја по односите со соседите е буквално иста како онаа на Кралството СХС на пример или СФРЈ.Киро Глигоров од разговорите и неговите мемоари никогаш не беше баш фан на Федералната Историја.Јасно и лекичко тоа го даваше до знаење… но само да не се претера.
Не направивме ревизија на историјата и сега очекуваме Меѓународен Договор ,Билатерален со земја членка на ЕУ да има фитбек во ревизијата на нашата историја. Уф,за прв пат слушам вакво нешто дека го има на друго место.Иако мислам дека САД и Британија се имаат расчистувано на сличен начин .Но тоа е пред 200 години.
И тоа не е проблем.

Проблемот е тоа што утре можеме да се изјасниме дека –До 1850 година на овој регион немало раја по националност Македонци.И можеме лесно да дигестираме дека таа раја административно до 1918 година во регионот била напишана- Бугари.Но од 1918 излезе дека не се бугари ами се срби.
И сега одлучивме пред малку дека сме Македонци.Тоа си е наша работа.Тоа им беше јасно на тие во Атина.Кога на Атина и Белград им е јасно и на Албанија и на Косово,останува да по тоа им стане јасно и на Софија.
Очекувам да нашите власти соопштат дека – Македонците имаат бугарски корени НО да ја предупредат јасно и гласно Бугарија дека –
1.Таквото признавање не носи и враќање на корените и премахнување на тоа МАКЕДОНЦИ
2.Таквото признавање јасно и гласно треба од Бугарска страна да ни се соошти ..Да значи вие ги признавтате бугарските корени и двете страни се сложуваме НО ..денес ние признаваме дека вие одлучивте да сте Македонци и дека тоа го почитуваме…и значи тоа дека сме браќа.
Доколку за ова Бугарската страна сеуште не е спремна, на Никола Димитров и на Заев ,топло им препорачувам да се повлечат од преговорите.Советодавниот тим да се распушти и да си седниме да се ослободиме од федералната историја, па со новата историја еден ден и без разговори ќе стигнеме до истиот заклучок во некакви разговори ( не преговори) со Бугарија.
Браќа не преговараат за ништо освен за имот.Овде разговараме за не материјални работи.
За културно наследство се раговара од позиција на денешни граници .Културното и историското наследство може да биде и дел од историјата на Република Грција.Како на пример – Гоце Делчев.

**Нека не се чудат браќата Бугари за презимето на авторот на ова писание.Тие добро знаат со кого имаат работа.За разлика од Македонците,за жал. Е това е де.Одлучиха си ,техно си е.
Можете само да поткрепите сопствените браќа. Браќа за име не преговарат. Не е битно.Не правете од крвта вода.И това не секаква ами тешка вода…јадрена.Нема смисол.

Автор: Даме Чкатроски, политички аналитичар

Слични Објави