РЕАЛ МАДРИД ИМА ПРИОРИТЕТ СЛЕДНОТО ЛЕТО – КИЛИЈАН МБАПЕ

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе биде трансфер-цел број 1 на Реал Мадрид идното лето, пишува весникот „АС“.

Претседателот Флорентино Перез ќе направи сè за да го доведе фанатстичниот Французин на „Сантијаго Бернабе“. Интересот од „кралевите“ не е новост, а Мбапе сигурно ќе биде заинтригиран од понудата.

Реал Мадрид изминатово лето потроши 300 милиони евра на нови фудбалери, кои се исклучително млади. Ова покажува дека клубот се подготвува за иднината, а „шлагот на тортата“ треба да биде Килијан Мбапе.

Перез во него гледа идниот Роналдо и фудбалер, кој може да испише нова историја во клубот. Обештетувањето сигурно ќе биде големо, но Реал Мадрид низ историјата постојано ги руши трансфер-рекордите па може да се очекува идното лето трансферот на Нејмар од 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ да биде втор најскап на сите времиња.

Извор: Спорт1



Слични Објави