САД СО 1,1 МИЛ. ДОЛАРИ ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО БОРБАТА СО КОВИД-19

/

Владата на САД одобри 1,1 милион долари за спречување на ширењето на КОВИД-19 вирусот во Македонија, јавува Канал 5.

Преку Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД), Соединетите Држави ги трансферираат овие средства до СЗО и УНИЦЕФ, со цел имплементирање активности за поддршка на напорите на земјата, како договор на Ковид-19.

УСАИД, во тесна соработка со Владата на Македонија, меѓународните хуманитарни партнери, но и други организации, ги идентификува приоритетните области, каде што ќе се инвестира.

„Во овој период на несигурност и анксиозност, заедничката работа е поважна од било кога“, истакна амбасадорот на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз. „Уверена сум дека поддршката која ја даваме со овој помошен пакет ќе доведе до суштински резултат во борбата на Македонија против Ковид-19“.



Во рамките на оваа помош, властите на САД ќе поддржат:

  1. Зајакнување на лабораторијата, подготвувајќи системи за поголем опфат на тестирање на КОВИД-19.
  2. Истражувања и брз одговор, што ќе придонесе за рано откривање и истражување базирано на случаи за КОВИД-19. УСАИД, воедно, им помога на државите преку тренинзи на тимовите за брз одговор, да ги истражат случаите и ефикасно откривање на нивните контакти.
  3. Комуникација која ќе помогне во едукација на граѓаните, за тоа кои чекори да ги преземат и како да се однесуваат за да се спречи ширењето на вирусот – специфични медиа кампањи.
  4. Менаџмент по случаи, кој ќе ја зајакне клиничката лекарска заштита, намалувајќи го ризикот на трансмисија на други лица.
  5. Превенција на инфекции и контрола на превенција, како и контрола на инфекциите во здравствените установи.

Повеќе од 20 години, Соединетите Држави имаат инвестирано околу 11,5 милиони долари во здравството и повеќе од 738 милиони долари вкупно, како помош за Македонија, со цел создавање на подобри услови за граѓаните во голем број области, вклучувајќи ја безбедноста, земјоделството, граѓанското општество, економскиот развој, создавањето работни места, вклученоста на жените во бизнисот и образованието.



Претходна статија

ЌЕРКА НА ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТ ОД ТЕТОВО: НЕ САМО ШТО ТАТКО МИ НЕ ДОБИ ГРИЖА ТУКУ И НИЕ СЕ ЗАРАЗИВМЕ СО КОВИД-19

Следна статија

МАЈКА И СИН ОД ВЕЛЕС ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО НИВНИОТ СТАН

Најново од Вести