САРИ ОБЈАСНИ ЗОШТО ГО ЗАМЕНИЛ РОНАЛДО: НОРМАЛНА Е НЕГОВАТА НЕРВОЗА…

Јувентус синоќа славеше со 1-0 против Милан во италијанското дерби на 12. коло од Серија А. „Старата дама“ не блескаше, но во финишот успеа да освои важни три бода со погодокот на Пауло Дибала.

Дибала во игра влезе во 55. минута кога Маурицио Сари реши да го замени Кристијано Роналдо. Португалецот само го погледна тренерот додека излегуваше и не се поздрави со него зашто беше лут.

„Мораме да му се заблагодариме на Роналдо затоа што се жртвуваше во тешка ситуација. Кога видов дека не игра добро, морав да го заменам. Природно е фудбалерите да не бидат задоволни при замена, а посебно тоа се однесува ако напорно се трудат. Во текот на претходниов месец имаше проблеми со коленото кога доби удар на тренинг. Би било лошо за нас доколку Роналдо не се лути на ваква замена“.

Извор: Спорт1



Слични Објави