| |

СДСМ (БУГАРСКА)

Чудно нешто е созревањето кога се работи за овдешнава раја, едни од антички Македонци стануваат Македонци како Тодор и Ванчо (демек Бугараши), а други пак од Бугараши стануваат антички Македонци (демек Антонијо)…

Но, ајде Антонијо си го знаеме, туку што ќе правиме со неговите идеолошки ривали од СДСМ? Мене например ми доаѓаат солзи на очите кога ќе се сетам на Игор Ивановски-Шема. Човекот со таков оган во себе се бореше против споменикот на еден „непријател на македонската нација и борбата за национална самобитност“ пред неколку години, што не сакам ни да си помислам како се почувствувал кога го видел обраќањето на сегашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев по повод Илинден во Благоевград пред споменикот на Гоце Делчев (егзархиски учител и идеолог на ВМОРО).

Ветриштава што дуваат во СДСМ се источни и во тоа нема ништо лошо, но како тоа им делува на ликови ко Шема? Дали некој се запрашал? Оп троп и пријателство со Бугарија, заеднички прослави, театарски претстави и слични егзибиции. Ама ајде ви се молам на што личи тоа? Шема е млад човек, за него не е доцна да прочита и нешто поразлично од слободните раскази на академикот Катарџиев и затоа не стравувам. Економист е човекот, ама како што може да се забележи има интерес и кон историјата, посебно во нејзиниот како се велеше… а да контроверзен дел 🙂 .

Се си мислам дека Шема се повлече со време од активната политичка кариера. Како ли ќе изгледаше во денешно време, бранејќи го храбриот чекор на Заев да го потпише договорот со Бугарија, оти нели баш поради таа Бугарија, Александров е „крвник“. Беља ќе се стореше. Ивановски се покажа како голем визионер, поголем дури и од Љубчо Георгиевски. Неколку години пред неговата партија да го заборави познатиот вокабулар за бугарските врховисти, фашисти и велосипедисти, тој визионерски ѝ кажа: „па-па“ на политиката. Сега може комотно да си пецка од страна, ама ајде да не му давам идеи, оти доволни му се на Заев, некои поранешни титови омладинци, а сегашни големи ВМРОвци, кои потрошија 3 тона плунка за да покажат колку се загрижени за „самобитноста“ на македонската нација. Чудна работа мајката, Шема левичар, а загрижен за нацијата, оние од Белата палата демек десничари, а левичарски пуфки продаваа 11 години, секако нели и тие загрижени за нацијата. Да не излезе накрај работава, си играме на левичарство со национални елементи. Тие што прочитале нешто поразлично од опусите на погоре спомнатиот Катарџиев, Блаже Ристовски и Александар Донски, ќе се сетат кој друг левичар (социјалист) проповедаше националистички идеи. Од Braunau am Inn е дечково и не давам повеќе џокери 🙂 .

Но, не очајувајте драги мои читатели. Вашиот омилен автор Батко Тане, освен по страбизмот е познат и по оптимизмот. Можеби Шема ќе се врати? Неговото враќање ќе донесе со себе едни поинакви ветришта, попатриотски што се вели, ама истите нема да бидат како за европско уво. Замислете само како би изгледало тоа, Шема на говорница го фали Цветко Узуновски – Абас (познат по својот проевропски ментален склоп, комунистички функционер и џелат за непријателите на партијата), а во публика Хан, Могерини и новиот американски амбасадор (тој што ќе дојде на местото на големиот лош Бејли) ракоплескаат и во моменти на делириум потпевнуваат „за фашисти-гасна комора (гасна комора се повторува два пати 🙂 )“. Чудно би било, нели?

Сосема за крај морам да кажам дека е убаво кога луѓето и партиите созреваат. Кога на логичен начин го менуваат и застарениот вокабулар, оти ќе се согласите дека одамна не живееме во раните 90-ти.

PS: Върни се Шема (Схема) откакто ти си тръгна СДСМ вече не е същият!!!

Автор: Батко Тане

Слични Објави