| |

СДСМ И ДПМНЕ ВРЕМЕ ВИ Е ЗА ПЕНЗИЈА!

Почитувани сограѓани, ни следуваат уште едни избори…Сведоци сме за изминативе скоро 30 години што се случува во нашава држава, перење пари, тендери, криминалот цвета ли цвета, судство- катастрофално, правен систем- нефункционален, МВР од лошо- полошо, МНР- резил, мислам дека го допревме дното. Знам дека ме разбирате што сакам да кажам со сето ова што го набројав и затоа нема да дообјаснувам дел по дел.

Дојде едно многу страшно и несигурно време, каде што и воздухот што го дишиме не труе а бога ми и тоа ќе ни го наплатат. Живееме во држава што за едни е МАЈКА а за други МАЌЕА! Епа не ја бидува таа работа! Време е да се охрабриме бидејќи ние народот сами се доведовме во оваа ситуација, ние сме тие „будали“ што на овие најголеми зла во државата, ДПМНЕ И СДСМ, им ја даваме власта сите овие 30 години за да не уништуваат, да манипулираат со нас граѓаните.

ВРЕМЕ е да им кажеме ДОСТА Е ДО ТУКА БЕШЕ! Верувам во граѓаните, без разлика на верата, на бојата на кожата, без разлика на етничката припадност и политичкото убедување. АЈДЕ сите ние да ставиме крај на арамилукот што не донесе до ова ДЕРЕЏЕ! И нема што да се лажеме, вистината е таа, минатото е тоа, иако многу боли, сепак не можеме да го промениме, но затоа пак иднината можеме!

Сите ние сме сведоци на секојдневните тажни лица, обесхрабрени и уплашени, луѓе што се плашат да го искажат своето мислење, бидејќи ќе бидат избркани од своите работни места! Замислете, дојдовме до степен да се плашиме дали ќе имаме да си купиме за леб ако не играме по „свирката“ на политичката структура која во моментот е на позиција. Не зборувам само за моменталната туку за многу години наназад. Што е разликата помеѓу ДПМНЕ и СДСМ? НЕМА! Стравот за егзистенција постои скоро 30 години. Луѓето си ги погазија своите принципи и чест само и само да опстојат и имаат за минимална егзистенција!!! Жално, срамно и недозволиво!!!

Господа од ДПМНЕ И СДСМ, престанете повеќе со тоа ваше ЕГО, СУЕТА и ДОМИНАНТНОСТ! Престанете со влевањето на страв! Вие треба да се плашите, зошто граѓаните ве бираат вас за да ги претставувате и да се борите за нивното добро. Граѓаните даваат, граѓаните земаат, кога ќе го разберете тоа?! И наместо вистински да помогнете вие продолжувате со лагите дека сте им подале рака на граѓаните во сите аспекти, дека вработувате, дека отварате фирми, дека наоѓате пласман за земјоделските производи… Не бе не, вие дури и враќате 15 % ДДВ од фискалните сметки! О земјо моја, рају бесценет!!!

Сите добро знаеме дека секој што е вработен во администрација, во државни институвии го има „заслужено“ тоа работно место, нели?!

Според Уставот на Р.М Член 32: „Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место“.

Вие сте избрани за на секој поединец да му помогнете а не само на вашите партиските војници!!! „СЕКОМУ“ според Уставот, ЗНАЧИ апсолутно СЕКОЈ граѓанин, без разлика дали ви лепел плакати, дали делел сендвичи на вашите митинзи или просто не отишол на гласање бидејќи не му се допаѓа ниту една партија и нејзините убедувања!

Време е да се престане со партиските вработувања и роднинско- швалерските врски!!! Некој нема среќа да биде роднина на политичар на позиција и некој не е толку убав и неморален за да биде швалер/ка. Бидејќи поради овие причини некадарни лица се ставени да работат на позиции што појма немаат што треба да сработат, ние сите останати се соочуваме со секојдневни проблеми одејќи по институциите.

Во градов немам долго време видено весело и насмеано лице. Сакам да упатам директен АПЕЛ до сограѓаните, да не дозволиме и наредните години да не водат овие ЗЛА, време е за нивна промена, време е за подобра иднина за нас и нашите идни поколенија. Време е да ги оставиме во заборав, време е да им ја покажеме нашата граѓанска моќ дека сите ние се освестивме и дека нема да дозволиме и понатаму да раководат со нас како што ним им е желба. Време е да им соопштиме дека граѓаните се власта во оваа држава, НИЕ ГИ БИРАМЕ НИВ А НЕ ТИЕ НАС, време е да застанеме рамо до рамо и храбро да им порачаме: НИЕ ГРАЃАНИТЕ СЕ ОСВЕСТИВМЕ И ПОБЕДИВМЕ И ВИ ПОРАЧУВАМЕ ЗБОГУМ АРАМИИ!

ВИСТИНАТА Е СЕКОГАШ НАЈСИЛНОТО ОРУЖЈЕ!!!

Автор: Димитар Попандонов, член на НК на ГДУ



Слични Објави