СЕВЕРНА КОРЕЈА ТВРДИ ДЕКА СÈ УШТЕ НЕМА НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

/

Северна Кореја нема ниту еден случај на заболен со новиот коронавирус, изјави висок функционер од Министерството за здравство, додека некои земји се сомневаат дека во земјата нема заболени.

Северна Кореја на крајот на јануари целосно ги затвори границите и воведе строги мерки.

Директорот на епидемиолошката служба во Државниот институт за борба со епидемијата, Пак Мионг Су, рекол дека таквиот успех е постигнат благодарение на вложените напори.

„До сега никој не е заразен со коронавирус во нашата земја“, рекол Пак за „Франс прес“.

„Презедовме превентивни и научни мерки, како што се инспекции, сместување во карантин на сите кои влегуваат во земјата, темелна дезинфекција на стоката, затворање на границите и укинување на поморскиот и воздушниот сообраќај“, навел Мионг Су.

Само неколку земји во светот, повеќето изолирани острови и со војна опустошени земји, не известија за ниту еден случај за болеста Ковид-19.



Светската здравствена организација објави денес дека овие денови ќе биде надминат бројот од милион потврдени случаи во светот. Досега починаа повеќе од 47.000 луѓе.

Извор: Макфакс



Претходна статија

МЗ: 30 НОВОЗАБОЛЕНИ, ВКУПНО 384 ЗАРАЗЕНИ

Следна статија

Д-Р ТАРАВАРИ: ПОТРЕБНИ СЕ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА МАСОВНО ТЕСТИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Најново од Вести