ШТО ЗНАЧИ ГУБЕЊЕТО НА МУЗЕЈСКАТА ВРЕДНОСТ НА АЈА СОФИЈА?

Аја Софија е едно од најголемите културни богатства од византиски период, што денеска се наоѓа на територијата на Турција. Таа е изградена во IV век, а се до XV век служи како византиска катедрала во која се одвивал нормален верски живот. Цркавата е посветена на „Логосот“ односно второто лице на Света Тројца.

По подемот на Отоманското царство, Европа добила поинакви културни карактеристики, а Аја Софија била една од првите културни центри кој претрпел промена. Од црква, Аја Софија се претворила во џамија со што ја симболизира победата на Османлиите и наметнувањето на нови поредоци на таа територија во однос на доминантната култура дотогаш – Римско – византиска.

По распадот на Османлиската држава и формирање на модерната држава – Труција, Аја Софија претставува музеј кој секојдневно го посетуваат голем број на луѓе. На Аја Софија се забележани остатоци од сите времиња – од византиско и период на нејзино градење преку османлиско време па се до формирањето на модерна Труција. На Аја Софија има остатоци од фрески, но и остатоци на калиграфи во деловите кои се активни во врешењето на верничкиот обреднички живот.
Пред неколку дена во светот одекна шокантна, би се рекло, вест за тоа дека Ердоган донел одлука за целосно менување на изгледот на Аја Софија со што таа ќе ја изгуби својата музејска вредност и ќе има исклучително практична функција, односно ќе служи за обавување на молитви од страна од домицилното население.

(Целиот напис на Магдалена Стојмановиќ прочитајте го овде)