ШТО ЗНАЕ БОКИ 13, ПА РУСКОВСКА И ЗАЕВ СЕ ПЛАШАТ ОД ТОА ЗА ТОЈ ДВА МЕСЕЦИ ДА НЕ БИДЕ ПОВИКАН НА РАСПИТ?

//

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит. Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?

Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија.

За сето време Катица Јанева продолжува да командува со имституцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата.

Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ѓу командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.

Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.

СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СдСМ мора да си замине, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

СПОРЕД ВЛАСТА ВМРО-ДПМНЕ САКА ДА ГИ БЛОКИРА ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО

Следна статија

18 ГОДИНИ ОД ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ НА 11 СЕПТЕМВРИ

Најново од Вести