СКОПЈЕ НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО СВЕТОТ

Загаденоста на воздухот во Македонија е на алармантно високо ниво. Жителите на Скопје денеска имаат привилегија да живеат во третиот најзагаден град во светот.

Така покажуваат денешните мерења на светските сервисни станици. Од врвот не делат само Њу Делхи во Индија и лахоре во Пакистан.Но ако продолжиме вака многу бргу ќе ги престигнеме и нив.

Веќе со денови, не само Скопје, туку и повеќе други градови од Македонија се меѓу најзагадени во светот. Граѓаните се гушат и апелираат до власта да започне со преземање на мерки кои засега се само козметички. Дополнително, надлежните си ја префрлаат одговорноста од институција на институција. Градоначалникот на Скопје на периферните општини, а сведоци сме дека на социјалните мрежуи секојдневно се објавуваат видео записи од цврни чадења во градското јадро. Ако сега е алармантно, тогаш што ќе се случува со намалувањето на температурите. Граѓаните се револтирани и бараат ефикасни решенија.