СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА РАБОТИЛНИЦА ВО ЉУБЉАНА
Во рамките на Проектот за развој на парламентарен и независен надзор на 14-16 мај 2018 година во Љубљана, Словенија, Делегација од Собранието на Република Македонија, претставена од членовите на Комисијата за надзор над работата на управата за безбедност и контраразузнавање и на агенцијата за разузнавање, Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана и Комисијата за одбрана и безбедност, учествува на дводневна работилница на тема „Употреба и злоупотреба на современи технички можности како поддршка на процесот за прибирање на разузнавачки информации“.
Оваа работилница е овозможена со донација на Министерството за надворешни работи на Холандија, а е организирана од страна на ДЦАФ (Центарот за безбедност, развој и владеење на правото).