Сончево со умерена облачност, наместа услови за краткотраен дожд
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а наместа повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а особено топло ќе биде во петок и во сабота. Во четврток попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.