| |

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП

На 14.07.2018 година околу 17.30 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на место викано “Рамница” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од 62 годишно лице од Скопје, патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од 32 годишно лице од село Аладанци, крушевско и патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 41 годишно лице од  од село Дреново, кавадаречко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во кавадаречкиот автомобил 36 години од село Дреново, која е пренесена во Општа болница Кавадарци од каде по укажаната медицинска помош е препратена на лекување во Скопје, соопшти МВР.



Слични Објави