| |

СПАСОВСКИ НЕ ПОДНЕСУВА ОСТАВКА: МВР НЕМА ВИНА ЗА ГРУЕВСКИ, ОДГОВОРНОСТА Е КАЈ СУДИИТЕ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не размислува за оставка откако полицијата направи неколку безуспешни обиди да го пронајде осудениот екс-премиер Груевски. Спасовски вината што Груевски стана недостапен за органите на прогонот ја гледа кај судската власт.

„Одговорноста барајте ја кај судиите кои не одредиле мерка притвор за човек кој е осомничен за повеќе кривични дела“, рече Спасовски додавајќи дека полицијата работи врз основа на судските наредби.

Поранешниот премиер Никола Груевски, за кого е издадена национална потерница за отслужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“,  вчера бил баран во неговиот дом, а потрагата ќе продолжи на уште неколку локации. Се спроведуваат и други мерки, како прегледи на возила, а зајакнато е полициското присуство на излезот од Скопје и на граничните премини.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите, по регионалната конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници“ одговарајќи на новинарски прашања за тоа каде е поранешниот премиер, дали е во државата и каде ја гледа одговорноста поради тоа што тој е во бегство

Има безбедносни проценки кои ги користат службите, рече Спасовски, и додаде дека  полицијата работи на анализирање на сите информации со кои располага.

– Не очекувајте дека ќе поставиме еден линк на плоштадот и заедно со полицијата и медиумите да ја спроведуваме целата акција. Сите информации кои ги имаме ги анализираме и работиме во однос на обезбедувањето на лицето, но тоа не можеме слободно во јавноста да го споделуваме и сите заедно да го следиме, рече министерот за внатрешни работи.

Во врска со тоа дали ќе влезат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски рече дека доколку полицијата има налог ќе влезе во која било зграда и додаде дека вчера немале намера да влезат во партијата, ниту имале налог за тоа.

Целиот напис прочитајте го овде   Локално



Слични Објави