| |

СВЕСТЕТЕ СЕ ДОДЕКА НЕ БИДЕ ДОЦНА

Почитувани,
Со денови гледаме како наводно се преговара за интересите на државата и граѓаните, а се поочигледно е дека партиските и личните интереси се најважни за преговарачите.

Ги повикуваме двете најголеми политички партии кои ја имаат најголемата одговорност да се свестат додека не биде доцна.
И двете партии во своите партиски програми се обврзуваат на реферндум за името и двете велат дека посакуваат Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ.
Ако е тоа така ајде господа лидери во духот на европските вредности покажете дека го почитувате народот, на кој се повикувате.
И кога веќе се договара Пржинска влада, повторно укажуваме дека е неопходна и промена на изборниот модел. Секој глас мора да биде подеднакво важен, па конечно пратениците да почнат да одговараат директно пред избирачите, а не пред партијата.

Автор: Димо Петкоски, секретар на Граѓанско Демократска Унија

Слични Објави