ТАТКОТО НА НЕЈМАР СЕ ОГЛАСИ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ЗАМИНАЛ НА ПРЕГОВОРИ ВО БАРСЕЛОНА

/

Новинарот Марсело Бечлер објави дека таткото на Нејмар денеска ќе оди на состанок во Барселона со претставниците на каталонскиот гигант за да разговара за трансфер на неговиот син.

Сепак, набрзо стигна демант на таа шпекулација од таткото на Нејмар, кој кажа дека останал во Бразил, кадешто ќе остане некое време.

Ова е само уште еден заплет во серија кога станува збор за иднината на Нејмар, а се очекуваат уште многу во следниот период.



Од друга страна, уште се шпекулира дека ПСЖ ќе прифати понуда од 130 милиони евра плус еден фудбалер од Барселона за услугите на Нејмар.

Извор: Спорт1

Претходна статија

ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ АНГАЖИРАШЕ ОДЛИЧЕН ФУДБАЛЕР ОД СЕВИЛЈА

Следна статија

„ЕКОСВЕСТ:“ ЖАЛБА ДО ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ФАВОРИЗИРАЊЕ НА МАЛИТЕ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

Најново од Вести