ТРАГЕДИЈА: ПАДНА КРАН, ЗАГИНА РАБОТНИК ВО КОМПЛЕКСОТ НА ФФМ!

//

Голема трагедија се случи попладнево во комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, откако падна кранот на кој што беше работник задолжен за одржување на хигиената на прозорците од зградата на Куќата на фудбалот. Работникот починал на лице место.

Нешто околу 16 часот силен тресок ги вознемирило вработените во ФФМ – кранот кој што припаѓа на надворешна фирма паднал накај паркингот за вработените и го усмртил работникот кој во тоа време бил качен на него и ги извршувал работните задачи (миење на прозорци). Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите само констатирале смрт.

За среќа, избегната била уште поголема трагедија зашто во моментот кога кранот паднал врз паркираните автомобили, немало никој во околината.



Извор: Спорт1

Претходна статија

КАРТИЧКАТА „СКОПСКА“ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ НАДОПОЛНИ НА НАД 20 НОВИ ЛОКАЦИИ

Следна статија

МАКЕДОНИЈА ИЗРАЗИ ЖЕЛБА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА НУКЛЕАРКАТА „БЕЛЕНЕ“ ВО БУГАРИЈА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да