| |

ТРЕБАШЕ ДА ОДЛУЧАТ ДЕНЕСКА, АМА И УТРЕ Е ДЕН- ВРАЌАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ШКОЛО СЀ УШТЕ НЕИЗВЕСНО

Состанокот, што денеска требаше да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели, е одложен за утре, потврди за МИА в.д. директорот на Центарот за јавно здравје и член на комисијата, Алекасндар Стојанов.

Иако беше најавувано дека на 10 август ќе бидат финализирани протоколите за почеток на учебната 2020/2021 во услови на пандемија, состанокот вчера заврши без заклучоци и со известување дека ќе продолжи денеска.

Министерството за здравство информираше дека разговорите продолжуваат со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата и дека финалната одлука за начинот на одвивање на наставата ќе ја има МОН.

„Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес. Сепак, финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука“, соопшти Министерството за здравство.



Слични Објави