| |

„Трговци“*

Драгомир Богданов

Едни „трговци“ го вмешаа името на МПО и МПО-Пирин во нивните интриги и борби против бугарскиот конзул во Чикаго. Треба да напоменам дека моите пријатели од МПО-Пирин, Чикаго беа доста скромни во она што го напишале. Јас не сум толку скромен и ќе потсетам дека токму МПО-Пирин и МПО го спречија обидот на Обединетата Македонска Дијаспора – UMD да ги присвои сите бугарски достигнувања во САД. UMD лобираше за поддршка пред 50 конгресмени и внесе резолуција во Конгресот на САД со која сè што постигнале Бугарите во САД да биде прогласено за „македонско“ достигнување. Токму таа „мала и незначителна“ МПО ги сопре. Дури и конгресменот кој го внесе предлогот не го поддржа, но само по нашите писма, декларации и книги што ги испративме.

Друго достигнување со кое се гордеам е тоа што ние ја направивме најголемата испорака на бугарски книги во историјата на бугарската емиграција во САД. Пред неколку години коосновачот на МПО-Пирин, големиот патриот и уникатен бугарски учител Стојан Дечев успеа да договори со бугарска фирма увозник на прехранбени производи со контејнери, бесплатно за нас, да увезат неколку палети со илјадници бугарски книги. Тие книги, портрети на бугарски херои и нагледни помагала за училишта беа донирани од Бугари патриоти, БАН, ВМРО и други организации во Бугарија. Дел од тие книги ги поделивме на неколку бугарски училишта, библиотеки и слично, и продолжуваме да го правиме тоа.

Ние од МПО-Пирин, Чикаго, при минусови температури ги копавме темелите за споменикот на Васил Левски и ги плативме нашите пари за бетонот и постаментот (и не сме чекале Бугарија да ни дава пари, ниту сме правеле работи за еден ден Бугарија да ни плаќа за нив) – Драгомир Богданов, Станимир Динев, Стефан Коев, Стојан Дечев, Николај Василев и Никола Масларски. Тоа е истиот споменик пред црквата со која тие „трговци“ сега се перчат.

Објаснувам што се случува. Бугарската држава им дава на бугарските училишта во странство по 300 долари за секое дете запишано во тие училишта секоја година, а не еднократна помош! Тоа што го прави бугарската држава е добро – помага за зачувување на бугарштината во странство. Но, не е правилно од тие пари да имаат корист „бугарски измамници и трговци во странство“. Кој во странство контролира како се користат парите на бугарските даночни обврзници? Се разбира, тоа се официјалните бугарски претставници – амбасадори и конзули. Бугарскиот конзул во Чикаго направил проверка и утврдил дека во една бугарска детска градинка има само 9 деца, а Бугарија плаќа за 30 деца. Тоа е ИЗМАМА од илјадници долари!!! Испумпување на пари од Бугарија. Тоа е работата на конзулот – да контролира како се трошат парите на Бугарија. Тоа е проблемот на тие „трговци“ со бугарскиот конзул.

*Насловот е на редакциjaта



Слични Објави