ЗОШТО ТАТО Е ПОВАЖЕН ОД МАМА

Забава Истакнато Магазин Разно Убавина&Здравје

Кога сме кај мајките и ќерките, сите ние сметаме дека оваа врската меѓу нив е најсилна на свет. Многумина дури би рекле дека мајката е сè што ѝ е потребно на ќерката, што според нуката воопшто не е точно. Скорешните истражувања покажуваат дека ќерките не само што имаат корист од таткото во својот живот, туку дека татковците кои се емоционално вклучени и присутни во животот на нивните ќерки се од суштинско значење за нивниот вистински емоционален развој.

ЗОШТО ТАТО Е ВАЖЕН ЗА ЕМОЦИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ?

Една студија објавена во Журналот за епоционална психологија открива дека ќерките кои имаат здрави врски со своите татковци имаат помал ризик да развијат депресија и анксиозност и дека се подобро се справуваат со стресот. Покрај тоа, тие поотворено зборуваат за своите емоции што им овозможува да бидат подготвени за врските подоцна во животот.

Врските, сексуалноста, вредностите и редувањето на себе си како единка, сè се ова нешта кои зависат од начинот на кој татковците се однесуваат со своите ќерки. Кога таткото има здрав однос со ќерката, тој всушност ѝ помага таа да создаде позитивна слика за себе, за светот околу неа, а со тоа ѝ се зголемува и самодовербата.

КОЈА Е ПРАКТИЧНАТА УЛОГА НА ТАТО?

Освен емотивниот фактор, татковците играат голема улога во физичкото и финансиското здравје на нивните ќерки. Рутгерс спроведе студија која покажа дека ќерките кои во своето детство имале поинволвиран татко се покажале финансиски и физички поздрави во споредба со оние со незаинтересирани или отсутни татковци.

Татковците обично се сметаат за симбол на финансиска стабилност, која во комбинација со физичкота и емоционалнота благосостојба обезбедуваат успешна и финансиски способна ќерка.

ИНВОЛВИРАН УШТЕ ОД НАЈРАНИТЕ ДЕНОВИ

Татковциоте кои се вклучени животот на ќерката ушт еод најраните денови имаат најздрав однос со своите деца и можат да го искористат за да ги обезбедат сите поволности споменати погоре. Ова е релативно нов концепти, со оглед на тоа што пред околу 7 децении немаше таква култура и традиција таткото активно да биде вклучен во развојот на било кое од децата, а најмалку ако тоа е „чупе“.

Модерното доба во многу нешта го олеснува животот на лушето, а со тоа остава поголем простор мажот да бидат вклучен во одгледувањето на децата уште од нивното раѓање. Тато сега може ѝ да го нахрани бебето, благодарение на вештачката храна, да го успие, да ги промени пелените и штпо уште не, со што се поставуваат темелите на таа здрава врска за која зборуваме во статијава.

ВЛИЈАНИЕ НА МЕДИУМИТЕ

Медиумите се чини дека сакаат да се држат до старомодната слика и одат против сè што е здраво и корисно. Ваквото негативно влијание на медиумите е многу тешко да се надмине, а згора на сè, татковците, а и сите ние сме бомбардирани со реклами што ги претставуваат татковците како идиоти кои немаат поим што му треба или што сака нивното бебе. Ова се штетни портрети и стереотипи кои не смеат да се следат и треба да се отфрлат како такви: неуспешни обиди за комедија и сатира.

УЛОГАТА НА МАМА

Тоа што улогата на таткото е поголема не ја намалува улогата на мајките. Мајките даваат вредни совети за тоа што значи да се биде успешна жена и се оние кои на своите ќерки им ги даваат информации за пубертетот, менструацијата и така натаму.