Три бугарски клиники во Англија организираат бесплатни прегледи за жени по повод Светскиот месец за борба против ракот на дојка
По повод Светскиот месец за борба против ракот на дојка, кој се одбележува во октомври, три бугарски клиники во Англија – Doctors4You, Val Clinic и SML Surgical Care – ќе понудат бесплатни превентивни прегледи за жени, јавува весникот „БГ БЕН“.
„Октомври е месец посветен на здравјето на жените и на борбата со едно од најчестите онколошки заболувања – ракот на дојка. Оваа година трите клиники ги здружуваат своите напори во рамките на иницијативата „Ангели во розово“, за да им овозможат на повеќе жени навремен и квалитетен превентивен преглед“, пренесува изданието.
Според информациите, ехографските прегледи ќе ги врши доц. д-р Нојко Станилов, експерт со долгогодишно искуство во дијагностика и третман на рак на дојка. Прегледите ќе се одржат на следните датуми:
Doctors4You – 24 октомври 2025 година
Val Clinic – 25 октомври 2025 година
SML Surgical Care – 26 октомври 2025 година
Весникот „БГ БЕН“ напоменува дека предварителното закажување е задолжително, бидејќи бројот на места е ограничен.
„Превенцијата спасува животи. Еден навремен преглед може да биде пресуден. Грижете се за себе и потсетете ги своите најблиски колку е важна превенцијата! Резервирајте го својот термин навреме – затоа што вашето здравје заслужува приоритет,“ порачаа организаторите.

