ТРИ ДЕВОЈКИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА, СО ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ

/

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на регионалниот пат с.Зрновци-с.Грдовци, во близина на мостот на р.Брегалница. Според информациите, патничко возило „цитроен“, управувано од А.М.(31) од нас.Оризари, излетало надвор од коловозот.

„ Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(21), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички А.А.(23) и Д.С.(25), сите три од Кочани, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани“ соопшти МВР.



Претходна статија

РАДЕВ: УКАЗ ЗА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НАЈРАНО ВО ВТОРНИК

Следна статија

ЕК НЕМА ПОВЕЌЕ ДА НАРАЧУВА ВАКЦИНИ ОД „АСТРАЗЕНЕКА“

Најново од Вести