ТРИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД АНГЛИЈА НОСЕЛЕ ВРЕЌИ ЗА ЃУБРЕ НАМЕСТО ЗАШТИТНА ОПРЕМА И ВЕЌЕ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19

/

Три медицински сестри од Обединетото кралство се позитивни на коронавирус откако биле принудени да носат кеси за ѓубре поради недостиг на заштитна опрема.

Минатиот месец персоналот во болницата Нортвик Парк во Хароу се фотографирал како носи импровизирана лична заштитна опрема, поради дефицитот на маски, одела и ракавици, јавува Daily Telegraph.

Весникот се повикува на извор од болницата, кој тврди дека повеќе од 50 проценти од персоналот е заболен од вирусот. 



Портпаролот на лондонскиот Универзитет за здравствена заштита Nort Nort Vest NHS Trust, кој ја води болницата, рекол дека “можат да потврдат за само еден вработен, кој е позитивен на Covid-19”.

Претходна статија

ЕДНИОТ ОД ТЕПАЧИТЕ ОД ШТИП СО НОВ АДВОКАТ, ДРУГИОТ СЀ УШТЕ БАРА- ГАЏОВ ГО ОДБИЛ ПОЛНОМОШНОТО

Следна статија

(ВИДЕО) НИ СЛИКА НИ ТОН ОД МАНУ ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести