УБАВИНА ВО ЗВУК И СЛИКА- МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ БЕА ДЕЛ ОД ФЕСТИВАЛОТ „ENERRITMOS“ ЛАРОЧЕ МАРОКО

Во четврток (1 октомври 2020 г. ) во ресторанот „Мементо“ на историската винарија од 1928 година „Royal vinery Qeen Maria“ во Демир Капија , беше отворен Фестивалот насловен „Enerritmos“ како дел од Меѓународниот Фестивал кој се одржува по девети пат во мароканскиот град Лароче, а оваа година поради пандемијата се одржува on line.

Во преубавата питомнина на југот на Република Северна Македонија, во регионот познат не само по лозјата туку и по богатите археолошки наоѓалишта, многубројната публика пристигната од сите краишта на земјата го проследи отворањето на Фестивалот кој ја поддржа манифестацијата во Мароко со вклучување на нашите големи музички уметници од светот на операта , класичната и камерна музика која непосредно го инспирираше и ликовниот ангажман на визулените уметници, Игор Љубовчевски Љубац и Гордана Винчиќ кои инспирирани од музичката изведба твореа на лице место.

Манифестацијата ја отвори Виолета Калиќ историчар на уметноста, претставник на Ј.У Дом на културата Кочо Рацин Скопје каде е стручен соработник за визуелните уметности, дизајн и архитектура, но воедно е и претставничка на Заедницата на Хрватите од Р.С.Македонија.Во своето обраќање пред многубројната публика, го истакна значењето на оваа манифестација и пораката за поддршка која ја упатуваме од ова историски симболично место насловено со метафорично значење Железна порта или Демир Капија од југот на Р.С.Македонија земја историски богата не само со славната културолошка ризница туку и со мултикултурните нишки кои поврзуваат разнородни ентитети, конфесии, култури, сензибилитети и традиции кои здружени даваат специфично силен сензибилитет кој ги здружува во разнообразноста на изразните форми.

А овој како дел од манифестацијата во Лараче, Мароко како една инспиративна егзотична дестинација која исто така здружува разнородни култури и влијаниа, со обилството егзотична убавина на сите контрасти.

„Нашата порака ја упатуваме за поддршка и разбирање преку јазикот на уметноста, која ја има најсилната, и најголемата моќ да ги надминува сите граници и бариери, и да ги говори и здружува сите јзаици во еден- а тоа е јазикот на уметноста“, истакна Виолета Калиќ акцентирајќи го значењето и придобивките на мултикултурализмот кој ги здружува пораките за почитување на различноста, на рзличните култури и сензбилитети во едно, правејќи го светот заеднички дом ширум отворен за сите светогледи кои се надополнуваат со креативното во својот сензибилитет, и создавајќи можност светот да го направиме посветол, помоќен и понадежен, и во заедништвото на нашата планета Земја да споедлуваме повеќе радост, светлина и мир преку уметноста, творештвото, креацијата каде и да сме.

Повеќе љубов, топлина и надеж за сите. Фестивалската програма ја исплниа со вдахновена изведба на бројни дела од големите мајстори на музичката уметност нашите музички уметници. На пијано вонреден професор, доктор по камерната музика Невенка Дуковска, на виолина веќе наградуваната млада виолинистка Памела Велкова од класта на Олег Кондратенко, а како солист настапи познатата сопранистка Кристина Палија.

Со својот концертен настап триото “Graziozo”, ја воодушеви публиката која со овации ги поздравуваше суптилните изведби на делата од страниците на светската музичка литература испонета и со познатите арии. Имавме можност да проследиме дела на Римски Корсаков, на Александар Бородин, На Џакомо Пучини, на Жорж Бизе, Жил Масне но и да уживаме во непосредната инспирација од музиката која непосредно оставаше трага во делата создавани во текот на музичката изведба со кои Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски побуди особено внимание кое ги здружуваше и надополнуваше уметностите.

Воедно оваа манифестација во инспиративниот простор кој нуди големи изведбени можности за сите уметности,иницираше визии за нови проекти кои беа иницирани веќе при средбите на бројните културни дејци и уметнци кои овој пат ги здружи поводот за средба во питомнината на регионот напоен од магијата на божественото и митолошкото, оваплотено во синергијата на култните ритуали и симболи кои ги содржат синонимите низ историјата на уметноста и цивилизациите кои токму тука се среќавале , разминувале и надополнувале, Дионис и виното, покрај арабескните стрмнини на железната порта Демир Капија .

Автор: Виолета Калиќ, историчар на уметност
3 октомври 2020