Укинати се сите анти ковид мерки во нашата држава, освен овие!

/

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

Согласно овие предлози Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Со заклучок од седницата, Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се негрупирање и одржување физичка дистанца, носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем.

Со заклучоците од седницата на Владата им се препорачува на здравствените домови да ја интензивираат теренската вакцинација на возрасните лица над 80 години заради нискиот опфат со имунизација на оваа старосна група, како и да продолжи вакцинацијата меѓу здравствените работници.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Арсовска: Градот Скопје овозможува поддршка со доделување електромоторни погони за инвалидски колички за лица со телесен инвалидитет

Следна статија

Петков: Привршуваат тестовите на гасната интерконекција меѓу Бугарија и Грција

Најново од Вести